Развој на дигитален бизнис за сексуална едукација во САД

ПРОДУКТ

Kenneth Play е експерт и тренер, кој со своите едукативни програми им помага на луѓето да ги надминат интимните предизвици. Преку практичен пристап во своите онлајн и офлајн програми, тој ги поттикнува своите ученици да бидат самоуверени и да развијат подлабоко ниво на интимност со своите партнери.
Тој е именуван како Најдобар Секс Хакер во Светот од страна на GQ, што го прави интернационално препознаен експерт во неговото поле, познат по неговите техники кои се поддржани со научни факти, и неговиот забавен и практичен пристап.

Пазарот за сексуално образование во САД привлекува многу познати имиња, правејќи ја оваа индустрија исклучително конкурентена. За да се издвои од конкурентите, нашиот клиент имаше потреба да најде нов начин на привлекување клиенти, без да го изгуби фокусот на вистинската вредност на неговиот производ. Со веќе значително висока посетуваност на веб страната, и голема база на податоци за корисниците, предизвикот не беше само зголемување на сообраќајот на неговата веб страна, туку и претворање на повеќе “посетители” во “клиенти”. Нашата цел беше да го постигнеме тоа преку подобрување на корисничкото искуство, нова маркетинг стратегија и создавање на ефективна продажна инка.

  • Ре-дизајн и веб сајт со цел да се подобри корисничкото искуство
  • Дефинирање и имплементирање на дигитални стратегии за привлекување нови клиенти и зголемување на ангажманот на постоечките
  • Создавање на продажна инка која ќе ги претвори посетителите во клиенти
НАШИОТ ПРИСТАП

За почеток, направивме детална анализа на конкурентите и корисниците, идентификувајќи ја уникатната вредност на нашиот клиент. Поради експлицитноста на визуелната содржина, откривме дека доаѓа до несоодветно толкување на вистинската вредност. За да го намалиме овој ефект, ја редизајниравме веб страната вклучувајќи нови визуелни и вербални пораки. Како резултат, забележавме инстантно зголемување на продажбата. Продолживме тестирајќи неколку дигитални канали и откривме кој е најдобриот начин да привлечеме нови клиенти, и како да го зголемиме ангажманот на постоечките. За да привлечеме повеќе нови клиенти, развивме специјална дигитална стратегија, која привлече 123 бренд амбасадори на нашиот клиент, само за еден месец. За потенцијалните и постоечки клиенти кои влегуваа во базата на нашиот клиент, развивме таргетирана стратегија и неколку продажни инки. Тие добиваа персонално прилагодени пораки, соодветни на нивното ниво на подготвеност. Оваа стратегија се докажа како многу успешна, генерирајќи $8000 во првиот месец, и допринесе до зголемување од 350% во ангажманот на клиентите во првите 4 месеци.

РЕЗУЛТАТИ

Редизајнирање и оптимизација на веб страна.

Имплементирање на програма која донесе 123 бренд амбасадори

Таргетирани емаил маркетинг кампањи кои го зголемија ангажманот на клиентите за 350%, и генерираа $8000 промет уште во првиот месец.

Share this project
Share this article: