Дигитална Маркетинг стратегија за бренд во прехранбената индустрија

ПРОДУКТ

Дона е бренд со долга историја на Балканот кој произведува конзервирана храна со супериорен квалитет. Неодамна, тие се проширија и на Македонскиот пазар. Од лансирањето на овие простори во 2018, нивниот најпознат продукт: Ајвар Дона беше достапен само во еден национален ланец на маркети (VERO). Соочувајќи се со огромна конкуренција, на Дона и беше потребна креативна маркетинг стратегија и стратешки план за раст на пазарот со цел зголемување на продажбата.

  • Во многу конкурентен пазар, особено од гледна точка на нивниот најпознат производ: Ајвар Дона, зголемување на препознатливоста на брендот беше голем предизвик. За да се постигнат целите, потребен беше зголемен фокус на конкурентските предности и формирање вистински врски со потрошувачите. Исто така, на Дона и беа потребни клучни информации за пазарот, односно откривање на локални региони со висок потенцијал, и нашата цел беше да го откриеме токму тоа преку дигиталните канали.
  • Креирање на маркетинг стратегија за социјални медиуми
  • Управување со профил на социјалните медиуми
  • Креирање на дигитални медија кампањи
  • Откривање на нови можности
РЕШЕНИЕ

Откако откривме кои се интересите и однесувањата на идеалниот потрошувач, создадовме стратегија која го пресретна таму каде што е најмногу присутен: на социјалните медиуми. За да ја зголемиме препознатливоста на брендот, започнавме да ја раскажуваме приказната на Дона – каде модерниот начин на живеење се сплотува со традицијата, преку креативни и анимирани дигитални кампањи. Во текот на една година спроведовме 15 медија кампањи, кои ни помогнаа континуирано да ја растеме групата на лојални потрошувачи и фанови на Дона.

РЕЗУЛТАТ

  • Креиравме и реализиравме дигитална маркетинг кампања
  • Достигнавме 2.900 нови следачи на Facebook за 12 месеци со 0 денари
  • И помогнавме на Дона да ја прошири продажната мрежа во 10 градови и 104 нови локации
  • Оваа тековна соработка наскоро ќе се прошири и на два странски пазари и ќе прерасне во менаџирање и на офлајн маркетинг активности на домашниот пазар.
Share this project
Share this article: