Зголемување на ангажманот на потрошувачите во модната малопродажба

Групацијата Магнетик е водечка компанија во модната индустрија кој застапува 18 познати луксузни брендови и управува со 21 продажни салони во Скопје. Во изминатите 27 години, Магнетик работи напорно за да го овозможи најдоброто шопинг искуство на овие простори, помагајќи им на клиентите да го изградат личниот стил кој трае. Тие ги застапуваат брендовите: Weekend Max Mara, Marella, Liu Jo, Paul & Shark, Pinko, Carpisa, GO Carpisa, Yamamay, Pennyblack, Gerry Weber, Oltre, Motivi, Fiorella Rubino, Tally Weijl, Sportmax, Max Mara Leisure, Joseph Ribkoff и Patrizia Pepe.
Голем број од продажните салони на Магнетик се лоцирани во шопинг молови и се соочуваат со голема конкуренција. За да се зголеми препознатливоста на брендот, ангажманот и за да се привлечат нови клиенти, на Магнетик им беше потребна онлајн и офлајн стратегија која ќе трае континуирано и ќе се фокусира индивидуално на секој бренд. Стратегијата исто така требаше да соодветствува на стандардите и глобалните стратегии на секој од брендовите.
- Зголемување на ангажманот на потрошувачите преку онлајн и офлајн активности.
- Поголема препознатливост и привлекување на нови клиенти за секој од брендовите.
- Промовирање на корисничко искуство и задоволство.
Преку организирање на Design Thinking работилница, заедно со претставници од Магнетик, се запознавме подобро со идентитетот на брендовите и корисничките персони. Откривме и дека корисничкото искуство не се пренесува соодветно на социјалните мрежи и дека потребно е засилувањето на врската помеѓу настаните во продажните салони и онлајн активностите. Преку работилницата смисливме идеи за онлајн и офлајн активности и создадовме маркетинг стратегија за сите канали на Магнетик.
За да го зголемиме ангажманот на потрошувачите, развивме креативна стратегија за Facebook и Instagram, како и за Магнетик блогот, каде сите брендови и потрошувачи се сретнуваат. Стратегијата вклучуваше: менаџирање на социјалните мрежи и стратегија за рекламирање, и креативни кампањи како соработки со инфлуенцери, интервјуа, гласања и наградни игри и брендинг на вработените. За да ја зголемиме препознатливоста на сите брендови, направивме поседни профили на социјалните медиуми, фокусирајќи се на каналот кој најмногу соодветствуваше на секој засебен бренд, и ги обучивме вработените како да управуваат со нив. За да ја зголемиме посетеноста во самите продажни салони, организиравме тематски настани каде посетителите можеа да играат игри, да се дружат и да уживаат во шопингот. Овој проект е тековен. Еве што постигнавме во првите 5 месеци од соработката:

35% зголемување на ангажманот на социјалните медиуми.
12% зголемен ангажман на блогот 1000 нови следачи на Facebook и
3000 нови следачи на Instagram за 5 месеци.